Кратка содржина на „Одисеја“ од Хомер
- Одисеј
и неговите кораби пловат кон Итака но патот постојано им го попречува
Посејдон-богот на морињата, затоа го губат патот и стасуваат до островот Огига
на нимфата Калипсо. Taa се
вљубува во Одисеј и го држи на островот 8 години;
-
следува случката со киклопот Полифем во чија пештера ќе се засолнат Одисеј и
неговите војници, но кога Полифем се враќа со своите овци во пештерата ќе се разбесни и ќе изеде двајца од нив.Одисеј ќе му
го ископа окото и ќе успее со својата дружина да избегаат криејќи се под овците
кои Полифем ги допирал кога излегувале од пештерата;
-
коработ доаѓа до островот Еол на островот на богот на ветровите, тој ќе ги
затвори сите ветрови во една мешина , само ќе го остави мирниот Ветер Зефир да
му помогне на Одисеј да се врати дома.
Но морнарите не знаејќи ќе ги ослободат сите ветрови и патешествието продолжува;
-
следуваат случките на местото на средбата на морето со океанот.Таму бил влезот во подземниот свет и Одисеј ќе се сретне
со сите големи јунаци кои биле во Адот (подземниот свет), а потоа ќе продолжи
кон Итака;
-
следува минувањето крај островот на морските сирени кои со своите песни ги
намамуваат морнарите со цел да ги насукаат нивните бродови, но и овојпат со
мудроста на Одисеј (ги затнуваат ушите со восок)успеваат да се спасат;
-
следува минувањето покрај две големи карпи на кои биле чудовиштата Сцила и Харибда
кои ќе убијат неколку другари на Одисеј;
- поради
немањето храна ќе заколат неколку говеда на богот Хелиос поради што ќе им биде
уништен коработ, а ќе преживее само Одисеј;
-
конечно стасува во Итака, но гледа дека во неговата палата владее хаос од
додворувачи, кои се обидуваат да ја освојат неговата жена Пенелопа.таа била принудена со сила да се омажи за некој од нив.Верната
сопруга долго го одложувала тоа.Одисеј ќе се преоблече како питач, ќе влезе во
палатата и ќе и претскаже на Пенелопа (која не го препознала) дека нејзиниот
маж е жив. Таа ќе нареди слугинката да му ги измие нозете и тогаш ќе гопрепознае по белегот на ногата.